Македонија
5. August 2026 - 12:17

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи во Охрид. Во текот на јули, охридскиот аеродром бележи раст од 41 отсто во споредба со истиот месец минатата година и реализирани 443 летови, односно 34,65% повеќе отколку во јули 2025 година.

Градот станува атркативна дестинација, хотелиерите задоволни од исполнетоста велат само со добра понуда може да се биде конкурентен на пазарот.

Гостите кои одмараат во главниот туристички центар најчесто остануваат од три до седум дена во хотелските капацитети.

Во периодот од јануари до јули преку охридскиот аеродром патувале околу 24% патници повеќе во споредба со истиот период минатата година и биле реализирани 1350 летови, што претставува раст на авионскиот сообраќај од 28.69%.