Преглед на вестите од светот
Русија се закани со нови напади врз Киев, неколку дена откако го изведе еден од најголемите напади врз главниот град на Украина од почетокот на војната. Руското министерството за надворешни работи објави дека мети на новите напади ќе бидат центри за донесување одлуки, заповедни центри и локации за производство на дронови, при што ги повика странските државјани и дипломати да го напуштат градот најбрзо што можат, а жителите да бидат подалеку од воените и административните згради. Најмалку четири лица загинаа, а околу 100 беа повредени во големиот напад со стотици дронови и десетици проектили врз Киев во саботата.
Во нападот беше лансиран и хиперсоничен проектил „орешник“, третпат од почетокот на војната. Москва кажа дека тоа беше одмазда за „намерниот украински напад врз студентски дом во Старобилск во Луганск“, кога загинале 21 лице. Украинската војска го потврди нападот, но кажа дека погодила елитна руска единица за дронови.
Трагедија во Белгија. Четири лица загинаа при судир помегу патнички воз и училишен минубус во градот Бугенхут. Портпаролката на федералната полиција Ен Бергер изјави дека возот удрил во минибусот додека возилото било на железнички премин. Во минибусот имало имало седум ученици од средно училиште, возач и придружник а во возот околу 100 патници.
Сите жртви се од минибусот, двајца ученици, возачот и возрасното лице кое ги придружувало учениците. Несреќата се случила утрово кратко по 8 часот по локално време. Министерот за мобилност на Белгија, Жан-Лук Крук, соопшти дека безбедносните камери на преминот јасно покажуваат дека рампите биле спуштени, а семафорите емитувале црвено светло во моментот кога минибусот се нашол на шините. Истрагата, сега се фокусира на утврдување на причините поради кои минивусот се нашош на преминот и покрај активната сигнализација.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
