Преглед на вестите од светот
САД и Иран разменија оган по трет пат оваа недела, Американските сили синока извршија нови воздушни напади врз Иран откако Техеран нападна контејнерски брод под кипарско знаме и повторно го затвори Ормутскиот теснец, еден од најважните светски енергетски коридори. Централната команда на САД информриаше дека погодиле 140 цели, вклучивајки ј лансирни рампи за ракети и беспилотни летала, складишта за муниција, комуникациска опрема и други воени објекти.
На Иран му беше дадена уште една можност да демонстрира придржување кон Меморандумот за разбирање откако беше одговорен за претходните напади врз комерцијални бродови, но повторно не успеа. Како одговор на тоа, Соединетите Американски Држави наметнуваат висока цена со тоа што продолжуваат да ја деградираат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и комерцијални бродови кои слободно транзитираат низ теснецот. Нападите се спроведуваат по наредба на Врховниот командант“, објави Централната команда на САД.
Во рок од неколку часа, по американските удари , Иран со ракети и дрнови нападна американски воени објекти во Бахреин, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Иранската револуцоена гарда објасни дека го онеспособиле бродот, бидејќи се движел по неовласетена рута, заканувајќи се дека теснецот ке остане затворен додека трае американското мешање во регионот.
- Американскиот режим повторно се обиде да дозволи неколку бродови да поминат низ Ормутскиот теснец по неовластени рути, но тоа беше запрено со решителниот одговор на морнарицата на иранската револуционерна гарда“, се вели во соопштението.
Од друга страна, Централната команда на американската армија тврди дека комерцијалниот сообраќај низ теснецот продолжува. Медијаторите Оман и Пакстан прават обиди да ги седнат тимовите на завојуваните страни на преговарачка маса. Пред неколку дена американскиот претседател Трамп изјави дека прирмиејтот со Техеран е завршено но дека арзоговорите може да продолќат. Главнит преговара на САД со Иран Галибав му одоговри дека преговорите не можат да продолжат без прекин на огнот. На 17 јуни, Вашингтон и Техеран потпишаа привремен договор за прекин на огнот кој за 60-дневен преговарачки период треба да донесе конечен договор за нуклеарната програма и мир на Блискиот Исток.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
