Loading Video...
Свет
7. July 2026 - 19:50

Преглед на вестите од светот

Лидерите на 32те земји членки на НАТО се собраа во Анкара на дводневни разговори за зголемување на инвестиците во одбраната, зајакнување на капацитетите за одвраќање и одбрана и за натамошната поддршка за Украина.

Соединетите Американски Држави долго време вршат притисок врз сојузниците да ги зголемат воените буџети и Европа да преземе одговорност за сопствената одбрана. Во пресрет на самитот, првиот човек на НАТО истакна дека критиките од Трамп даваат резулатат - земјите членки почнале да ги зголемуваат воените буџети и најави нови договори со одбранбенаат индустрија вредни десетици милијарди долари.

-Европските сојузници и Канада сега се на траекторија да ги изедначат своите трошоци за одбрана со Соединетите Американски Држави. И не само тоа, тие преземаат поголемо лидерство во рамките на командната и контролната структура на НАТО, засилувајќи ја конвенционалната одбрана, напорите за зајакнување на нашето одвраќање и одбрана, вклучително и по должината на целото источно крило во балтичкиот регион и Арктикот, и предводејќи ја поддршката за Украина, изјави Марк Руте, генерален секратер на НАТО.

Украискиот претседател кој присустува на самитот планира да го искористи самитит за да ги притисне созјуниците на Киев за повеќе системи за воздушна одбрана, а воедно и за лиценџа за произдвоство на Патриот.

-Долго време се залагавме и покажувавме дека сме способни сами да произведуваме оваа категорија одбранбено оружје. Доколку Украина добиеше американски лиценци за производство на системи „Патриот“, нашето производство би било доволно не само за да ја одбрани Украина, туку и за да им помогне на партнерите на кои им се потребни.“

Самитот во Анкара ќе биде и шанса за Зеленски да одри состанок со Трамп  за  војната во Украина. Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана  Сиљановска Давкова а е придружувана од министрите за одбрана Владо Мисајловски, за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и начланикот на Генералштабот на армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Нафтен танкер бил погоден во Ормутскиот тенсец од непознат проектил  синока  соопшти  Британската служба за поморски трговски операции. ОД таму додватаа дека бродот бил погоден на левата страна додека пловел на југ.

Инцидентот се случил источно од Лимах, Оман Нема повредени.  Индицнетот предивка  реакциа на светските берзи, каде цените на енергенсите забелеаа раст. Цената на суровата нафта Брент се искачи на 73 долари за барел. Ормутскиот  теснец  е една од најзначните светски поморски тргвоски рути и има клучно значење за глобалните енергетски пазари.