Loading Video...
Свет
8. July 2026 - 16:27

Преглед на вестите од светот

Примријето помегу САД и Иран е заврешно порача Трамп од самитот на НАТО во Анкара,  по обновените  меѓусебни наапди .Нарекувајќи ги властите  во Иран џган и лудаци, американскиот претседател оцени дека секој понтамошен обид за преговори би бил губење време.

- За мене, мислам дека е готово. Не сакам повеќе да се занимавам со нив. Тие се ѓубре. Знаете што е ѓубре? Тие се ѓубре. Тие се болни луѓе. Тие се водени од болни луѓе. И тие се злобни, насилни луѓе. И ако имаа нуклеарно оружје, ќе го употребеа. Според мене, е готово, изјави Доналд ТРамп, претседател на САД. 

Доцна синока, САД извршија напади врз Иран, како одговор  на нападите врз три танкери за нафта во Ормутскиот теснец претходно оваа недела, за кои Иран не ја презеде директно   одговорноста.  Американската централна команда обајви дека погодила повеќе од 60 мали чамци на корпусот на Исламската револуционерна гарда, како и ракетни позиции и командни центри. . Иран рано утрово  возврати со таргетирање на американските воени објекти во Бахреин и Кувајт. Иранското министесртвот за надворешни работи ги осуди американските напади, оценувајки ги како прекршување на рамковниот договор  , потпишан минаиот месец. Порача дека Иран нема да почне преговори за конечен мировен догоовр со Соедиентите држави ако ТРамп продолжи со заканите.  продолжат заканите 

Според шефотт на НАТО, американските напади биле апсолутно  неопходни..

- Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши прекинот на огнот - и видовме што се случи вчера со нападот врз бродови - мислам дека е апсолутно клучно САД енергично да реагираат.“

По новата размена на напади помегу САД и Иран цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти.  Суровата нафта од типот Брент  деенска се тргува за речиси 77 долари за барел. 

Доналд Трамп не се откажува од Гренланд. За време на самитот на НАТО во Анкара го обвони својот обид САД да го добијат островот, заканувајки се дека  ке ги повлече  сите американски вооружени сили од  Европа.  ТРамп тврди дека  дека спорот околу Грендлад ги оштетил одсносите меѓу САД и нАТО.  ДАнскаат премиерка порача дека иднината на Гренладнд зависи од народот на Гренланд и нА Данска, а не од претседателот на САД.

- Нашиот став е јасен како што беше цело време, Гренланд, секако, не е на продажба. Се надеваме дека сите, вклучувајќи ги и сите сојузници, ќе го почитуваат правото на гренландскиот народ на самоопределување. Подготвени сме да го браниме секој сантиметар од НАТО, вклучително и нашата сопствена територија. Но, една од причините зошто го изградивме НАТО пред многу, многу години е ако нешто му се случи на еден од нас, тогаш сите треба да се залагаат еден за друг, изјави Мете Фредериксен,премиерка на Данска.

Трамп ја налути и Шпанија.Објави  дека САД ја прекинуваат целоснатаа трговија со Шпанија,  откако ја прекори дека е единственаата членка на НАТО која на минатогодшниот самит на алијансата не се обрза да издои пет проценти од БДП за одбрана до 2035 година. Канцеларијата на шпанскиот премиер реагираше на повикот на Трамп да ја суспендира целата трговија со Шпанија, велејќи дека Мадрид ги смета неговите закани за „вообичаен начин на водење бизнис“.