Преглед на вестите од светот
Американскаат админстрација бара Иран јавно да изјави дека Ормускиот теснец е отворен за меѓународна пловидба и да вети дека ќе престане да пука врз комерцијалните бродови како дел од преговорите што треба да се одржат во Оман во текот на денот. Трамп изјави дека двете страни се согласиле да продолжат со разговорите и покрај борбите оваа недела околу Ормутскиот теснец, што Белата куќа ги сметаше за кршење на прекинот на огнот.Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи од Оман изјави дека неговата земја „го одржала својот збор“ за прекинот на огнот а САД го прекршиле договорот. Во мегувреме,Трамп обајви дека и наредил на војската да биде подготвена да почне со разорни напади врз Иран доколкуј иранската влада се обиде се обиде или успеа да изврши атент врз него, по повиците за негова ликвидација упатени за време на погребот на ајатолхаот Али Хамнеи.
„Украина формира посебна команда во рамките на своите вооружени сили чиј фокус ќе бидат наапди со долг дотрел во Русија. Ова тело ке ги насочи сите расположливи ресурси за дополнително намалување на воениот капацитет на Моска.“, изјави Зеленски.
- Потпишав декрет за воспоставување нова команда во рамките на вооружените сили, Команда за операции со долг дострел, ефикасно одговорна за вршење глобално влијание врз Русија како одговор на оваа војна. Оваа команда ќе ги концентрира сите расположиви ресурси за дополнително намалување на капацитетот на Русија за водење војна.Командантот ќе биде силен и високо искусен лидер, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Зеленски додаде дека ниту една руска рафинерија повеќе не е надвор од дострелот на украинско оружје, а на Пуитн му порача дека воените трошоци за Русија ќе продолжат да растат. Го повика шефот на Кремњ да запре со војната сега и да прифати преговори.
Моќниот тајфун Бави се приближува до Источна Кина, а властите евакуираа повеке од 1,8 милиони луѓе во провинциите Џеџијанг и Фуџијан. Бави ќе пристигне на кинеското копно утре.
Претохно тајфунот ги погоди Јапонија и Тајван, предизвикувајки проблемми во снабдувањето со електрична енергија, а авионските и траектните линии беа суспендирани. Бави досега е еден од најсилните тајфуни оваа година и над отворениот Пацифик достигна итензитет на супертајфун, со брзина на ветерот до 290 километри на час.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
