Македонија
31. October 2022 - 12:19
Занаетчиите се жалат од нелојална конкуренција
Занаетчиите секојдневно се судруваат со нелојална конкуренција, која негативно влијае на функционирањето на бизнисите во занаетчискиот сектор. Тие велат дека покрај оние кои нудат кинеска роба најголем проблем се онлајн продавачите на социјалните мрежи кои не плаќаат кирии и немаат дополнителни трошоци а нудат рачно изработени дела по пониски цена.
Наумоска потенцира дека по ковидот сега се соочуваат и со енергетска криза која пред се психички им предизвикува дополнителен товар.
Охридските занаетчии велат дека сивата економија создава незадоволство затоа што нелегалниот бизнис кој дејствува без никакви давачки делува слободно без никакви контроли и надзори.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
