11 деца згрижени во 8 згрижувачки семејства во Охрид
Во 8 семејства во Охрид згрижени 11 деца. Семејството Крстановски кои 11 години се згрижувачи љубов и внимание им дале досега на 4 деца, моментално се грижат за три деца, а веќе одгледале и полнолетно момче.Тие велат да се згрижи дете, кое останало без родителска грижа и нега, е навистина исклучително хуман и благороден чин.
- Интересот за згрижување постои, но не можеме да кажеме дека е толку голем колку што знаеме дека се хумани нашите луѓе и колку што има потреба општеството да вдоми деца, вели Кочанковска.
Градоначалникот Пецаков од следната година најави финансиска помош за децата во згрижувачките семејства.
Социјалните работници велат дека обликот на заштита на децата без родители и родителска грижа преку сместување во згрижувачки семејства е најсоодветен облик на заштита на децата бидејќи се овозможува нивен правилен психосоцијален развој во услови најблиски на семејното опкружување.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
