Македонија
20. February 2022 - 16:35

Стотина неврохирурушки зафати се направени лани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид

Во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија каде се лекуваат пациенти од целиот Југозападен регион само лани во време на пандемија биле извршени стотина неврохируршки оперативни зафати. 

Со новиот неврохируршки микроскоп отсега посложените операции ќе се прават и во Охрид наместо пациентите да  се препраќаат во Скопје или странство. Моментално десетина пациенти се на листа на чекање.

За разлика од останатите болници во охридско струшкиот регион кои се соочуваат со недостиг на анестезиолози од болницата Свети Еразмо велат дека се екипирани со овој кадар и дека сложените оперативни зафати со новиот микроскоп ги изведуваат двајца неврохирузи . 

Првата успешна операција, која траела околу три часа била изведена врз 73-годишна пациентка на која и бил отстранет длабок мозочен тумор.