Николоски: Нова авиолинија Скопје - Ларнака од 31 октомври

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на социјалните мрежи сподели информација за воведување на нова авиолинија од Скопје до Ларнака, во Кипар, која ќе стартува од 31 октомври.
- Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје - Ларнака Кипар! Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, напиша Николоски на неговиот официјален фејсбук профил на пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј.
Тој најави дека продолжуваат активностите на Владата за развој на авиосообраќајот во земјава.
- Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати. Продолжуваме да работиме на развојот на авиосообраќајот во Македонија, наведува Николоски.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
