Македонија
8. May 2026 - 16:48

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада

Јавна покана за средба, желба за подобри односи но и многу песимизам во Македонија на првиот работен ден на новата бугарска Влада на Премиерот Радев.

Премиерот објасни дека неговиот песимизам доаѓа како резултат на однесувањето на опозицијата која ја обвини за предавство на националните интереси. Според Мицкоски, се додека СДСМ коленичи пред Бугарија, напредок во разговорите нема да има. 

Од СДСМ очекувано контраобвинувања. Во честитката до Радев која опозицискиот лидер Филипче ја објави на социјалните мрежи тој го обвини Премиерот за блокада на интерграциите и креирање вештачки конфликт со Бугарија. 

„За жал, во Македонија постои криминална група, предводена од Христијан Мицкоски, која свесно го блокира европскиот пат на земјата и создава вештачки конфликти со соседите, заради заштита на својот корумпиран систем.
Веруваме дека преку конструктивен дијалог, без прекршување на црвените линии, со почитување на нашиот национален идентитет и на европските принципи, можеме да ги надминеме сите отворени прашања и да го забрзаме европскиот пат на целиот регион.“ – се вели во честитката на Филипче.

Честитки дојдоа и од партиската говорница на Бихаќка.

Конструктивност очекува и претседателката, но не се надева многу. Вели, добро е што ќе имаме барем стабилен соговорник

Македонија и Бугарија се во тешка комуникација од моментот кога владата на СДСМ и ДУИ го прифати францускиот предлог со кој се обврза дека ќе испорача Бугари во Уставот иако за тоа немаше поддршка во македонското Собрание. Вчера шефот на дипломатијата рече дека и во овој момент, во Македонија нема услови за уставни измени.