Невладините и еко-активистите очекуваат негативен извештај од УНЕСКО за Охридскиот регион
Невладините и активистите на 1 февруари очекуваат негативен извештај од Унеско.Тие обвинуваат дека остануваат уште два и пол месеци до истекувањето на рокот а сеуште нема напредок во спроведувањето на препораките се нарушува автентичноста на градот а бројот на дивоградби на самиот брег на езерото наместо да се намалува и натаму расте.
Во Стратегискиот план за рехабилитација на Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има само мерки на хартија а во пракса не е преземено ништо велат активистите.
Од општината пак велат се работи на спроведување на препораките на Унеско, и направен е голем исчекор. Од страна на граѓанскиот сектор за подобар мониторинг за зачувување на светското наследство се планира отворање на канцеларија на УНЕСКО во градот Охрид.
Инаку во последниот извештај меѓу другити беше побарано отстранување на дивопоставените објекти долж езеротои во заштитеното подрачје во стариот дел од градот ,целосна забрана за градба,усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство ,заштите на архитектурата и отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
