Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран

– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека одлуката за евентуалното продолжување на судирот со Иран е на американскиот претседател Доналд Трамп, при што изрази скептицизам за постигнување дипломатско решение со Техеран.
Нетанјаху за американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си изјави дека Соединетите Американски Држави остануваат „главен партнер“ на Израел и дека Трамп е единствениот задолжен за американската стратегија.
Израелскиот премиер негираше дека се обидел да го убеди американскиот претседател да продолжи со нападите врз Иран за време на нивниот состанок оваа недела во Белата куќа.
Според него, двајцата разгледале неколку опции за завршување на судирот, вклучувајќи продолжување на преговорите со Техеран, одржување на блокадата на Ормуската Теснина или покренување нова воена офанзива, но конечната одлука му е препуштена на Трамп.
Нетанјаху изрази сериозни сомнежи во подготвеноста на Иран да постигне договор, верувајќи дека властите можеби се обидуваат да купат време и покрај дипломатскиот и економскиот притисок.
Израелскиот премиер рече дека Иран сега е послаб од кога било, признавајќи дека режимот не падна по неколкуте месеци војна.
Нетанјаху потврди дека негова цел и понатаму е спречувањето на Исламската Република да набави нуклеарно оружје – цел за која тврди дека ја дели со Трамп.
Што се однесува до Ормуската Теснина, Нетанјаху верува дека нејзиното стратешко значење би требало со тек на време да се намали благодарение на развојот на нови енергетски рути до Црвеното Море, а потоа и до Средоземното Море.
Нетанјаху предупреди дека Израел силно ќе одговори на секој понатамошен ирански напад.
МИА
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
