Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Познато е дека загадувањето на воздухот е лошо за здравјето, особено за белите дробови. Така, ново истражување посочува дека јадењето повеќе овошје може да помогне во ублажување на некои од тие штетни влијанија, според испитувањата - барем кај жените.
Наодите се претставени на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, Холандија, од Пимпика Кеусри, докторантка на Центарот за здравје на животната средина и одржливост на Универзитетот во Лестер, Велика Британија. Кеусри објаснува дека повеќе од 90 отсто од луѓето ширум светот дишат воздух што ги надминува безбедните нивоа на загадување утврдени од Светската здравствена организација. Исхраната богата со овошје и зеленчук, од друга страна, се потврди оти е поврзана со подобро здравје на белите дробови.
Нејзиниот тим користеле податоци од „Британската биобанка“ (UK Biobank), којашто содржи здравствени информации за околу половина милион луѓе. Истражувачите се сосредоточиле на 200.000 учесници, испитувајќи ја нивната исхрана, како и потрошувачката на овошје, зеленчук и интегрални житарки, заедно со мерења на функцијата на белите дробови и нивната изложеност на штетните ПМ-2.5 честички.
Тие честички биле поврзани со намалена функција на белите дробови кај сите учесници, но ефектот бил помалку изразен кај жените кои јадат најмалку 4 порции овошје дневно, според наводите.
Кеусри верува дека антиоксидансите и антиинфламаторните соединенија во овошјето можат да помогнат во неутрализирањето на оксидативниот стрес и воспалението предизвикано од загаден воздух. Интересно е што заштитниот ефект бил забележан само кај жените - веројатно затоа што тие генерално јадат повеќе овошје од мажите.
Како и да е, научниот труд потврди оти здравата исхрана е поврзана со подобра функција на белите дробови и кај мажите и кај жените, без оглед на нивото на изложеност на загадувањето.
Проф. Сара Де Матеис од италијанскиот Универзитет на Торино смета дека наодите ги надополнуваат доказите за придобивките од исхраната заснована на растенија и плодови.
Ова истражување посочува дека иако не може сами да го избегнеме загадувањето на воздухот, вклучувањето повеќе свежо овошје во нашата дневна исхрана може да биде мал, но значаен начин да ги заштитиме нашите бели дробови. Сепак, се нагласува дека подобрувањето на исхраната кај поединецот не треба да ја замени решителната владина акција за намалување на загадувањето на воздухот, бидејќи не постои безбедно ниво на изложеност.
МИА
Ново на Сител
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
-

Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
