Македонија
31. July 2026 - 18:16

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија

Во Велес попладнево се измерени 39 степени Целзиусови, во Виница, Кавадарци и Демир Капија, 38,  Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 37. Во Штип температирата достигна 36 степени, Тетово 35, Битола 34,  Крива Паланка и Прилеп, 33, Охрид, 32, Берово 31, Претор 30, Маврови Анови 29, Крушево 28, Попова Шапка 22 - покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Како што информира УХМР, попладнево ќе се задржи сончево и топло, а во текот на ноќта ведро време. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

- Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови.

МИА