Македонија
31. July 2026 - 14:25

Вандализам во Струшко: Искршени гробници и осквернавени вечните почивалишта на Македонци | ВИДЕО

Непознати сторители извршиле вандалски чин на гробиштата во селото Бороец, Струшко, каде што се искршени повеќе надгробни споменици и се осквернавени вечните почивалишта на многу Македонци.

Жителите се вознемирени и револтирани од случувањето, оценувајќи дека станува збор за недозволив напад врз споменот на починатите и врз достоинството на нивните семејства.

Тие бараат надлежните институции итно да преземат мерки, да го расчистат случајот, да ги пронајдат и санкционираат сторителите, како и да спречат вакви инциденти да се повторат во иднина.