Свет
12. May 2026 - 10:10

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз јужен Либан

Во синоќешниот израелски напад врз Кфар Дунин, јужен Либан, загинаа шест луѓе, а повредени се седуммина, јави Либанската државна новинска агенција (ННА).

Израелската армија, во меѓувреме, нареди евакуација на жителите од градот Сомора во долината Бека.

И покрај договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах од 17 април, продолжуваат меѓусебните напади. Се очекува на 14 и 15 мај во Вашингтон продолжување на преговорите.

МИА