Македонија
12. May 2026 - 14:36

Прегазен 79-годишен пешак во Скопје

На 11.05.2026 околу 07:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Бранко Заревски“ и ул. „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.М.(58) од Скопје, удрило во пешакот Ј.М.(79) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје, соопшти МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.