На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта и кога КТ и МР не покажуваат промени

Нова метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК) - современ пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта и кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени, е презентирана вчера на Универзитетската клиника за урологија, објавија на Фејсбук од таа јавна здравствена установа.
Особено значајни резултати, како што се наведува, се покажуваат кај пациентите со карцином на мочниот меур, каде што раното откривање на ризикот од рецидив може да придонесе за подобар исход од лекувањето.
Тестот не поставува дијагноза сам по себе, но претставува важна алатка за попрецизно и персонализирано следење на пациентите. Иднината на онкологијата е во персонализираната медицина – вистински третман за вистинскиот пациент во вистинско време, стои во објавата на Клиниката.
МИА
Ново на Сител
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
