Германските туристи најбројни
Туристите од Германија остануваат најбројни во Охрид. Статистиките покажуваат дека тие генерираат рекорден број на ноќевања, а интересот е во континуиран пораст,веднаш зад нив следат од Србија,Франција и Турција . Бројот на ноќевањата во април 2026 година изнесува 50 080, од кои 15 326 се од домашните туристи, а 34 754 од странските туристи.
Поволните цени,дирекните летови , богатото културно наследство и недпорената природа е она што ги привлекува посетителите.
Во април 2026 година Охрид го посетиле 28 510 туристи од кои 20 523 странски и 7 987 домашни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Споредбено со 2025 и 2024 година се бележи зголемување имајќи предвид дека бројот на туристи во Охрид во април 2025 изнесувал вкупно 27 920, додека во април 2024 година – 22 929.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
