Преглед на вестите од светот
Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во Швајцарија. Соопштението уследи откако портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. Засега не се соопштени причините за одложувањето на разговорите, ниту е објавен нов термин за нивно одржување.
Комерцијалниот бродски сообраќај низ Ормутскиот теснец продолжи во четврток, по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, иако обемот на превоз остана далеку под нивоата пред конфликтот. Меморандумот за разбирање, потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан за завршување на војната со Иран во среда, стапи на сила веднаш.
На крајбрежниот дел кај Оман, што води до теснецот, во четврток беа видени големи трговски бродови како пловат низ водениот пат, што е остра спротивност кога беше целосно празен од комерцијален сообраќај.
На јужниот брег на теснецот, застојот на бродови почна да се намалува, бројот на закотвени бродови видливо се намали, а големите комерцијални бродови полека се движеат по главните бродски линии. Иако Ормутскиот теснец е повторно отворен, глобалниот бродски пазар одржува претпазлив став, став на чекање и гледање.
„Ги охрабруваме сите во регионот на Блискиот Исток да ја одржат својата посветеност за да се овозможи нашите преговори да се одвиваат убаво“, напиша Трамп на Truth Social. Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, во изјави дека одобрил меморандум за разбирање потпишан од иранскиот и американскиот претседател, и покрај тоа што има различен став.
Бугарија ќе стави вето на новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, бидејќи тие можат да имаат негативно влијание врз нејзината економија изјави премиерот Румен Радев.
„Бугарија веќе изрази одредени резерви во врска со овие санкции, бидејќи веќе го искажавме нашиот став дека нема да дозволиме санкции што штетат и претставуваат ризик за бугарската економија. Тука можам да го посочам ризикот за функционирањето на Лукоил. Можам да ги посочам ризиците за снабдување на метрото во главниот град со резервни делови.“
„Јасно изјавив дека Бугарија во никој случај нема да ги попречува заедничките европски одлуки во врска со Украина. Кој сака да достави воена помош, воена опрема во Украина, секако, нека го стори тоа. Ние донесуваме одлука за нашите испораки, врз основа на тоа што имаме на залиха и дали можеме да го сториме тоа.
За време на светското првенство во фудбал во САД, Њујорк беше во знакот на кошарката. Навивачи на Њујорк Никс ги преплавија улиците на градот на парада ја славеа шампионската титуула во НБА лигата освоено по 53 години. Во плеј офот тимот имаше неверојатна серија од 15-3 (победи-порази), додека во финале го победија Сан Антонио со 4-1.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
