Мукаетов до ракометарките: Верувајте во себе, РФМ стои цврсто зад вас
Раководството на Ракометната федерација на Македонија, оствари средба со сениорките и со стручниот штаб, во пресрет на почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржува во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица, од 4 – 20 ноември годинава.
– Сѐ што треба да направите, е да верувате во себе, да верувате во тимот, да бидете посветени и да се борите до крај. Без калкулации и без потклекнување и предавање пред фаворитите, а со борба за секоја топка! – истакна претседателот на РФМ Живко Мукаетов во своето обраќање пред сениорките и стручниот штаб, потенцирајќи дека федерацијата стои цврсто зад нив и со безусловна поддршка, а со само едно барање – игра со срце на терен.
Ракометарките изразија благодарност за вложените напори на македонската куќа на ракометот – за можноста да играат Европско првенство на домашен терен, а со тоа и да го вратат сјајот на женскиот ракомет во земјава.
Скопје по 14 години повторно ќе биде домаќин на европската ракометна елита. Арената „Борис Трајковски“ е со комплетно обновена спортска инфраструктура, по терк на високите ЕХФ стандарди.
Натпреварите од групата Ц, македонската селекција ќе ги одигра против репрезентациите на Франција (5 ноември), Холандија (7 ноември) и Романија (9 ноември).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
