Миланов: Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод

Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да дозволиме ниту еден аспект од постапката да остане неиспитан, рече денеска директорот на генцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.
На прес-конференција во Владата, Миланов информира дека и денеска продолжуваат активностите на инспекциските служби преку спроведување контроли над операторите со храна во Гостиварско. Целта на вонредните засилени мереки, нагласи, е прецизно да се утврди изворот на контаминација, степенот и обемот на загаденоста, како и да се обезбедат нови релевантни лабораториски резултати врз основа на кои ќе бидат преземени сите понатамошни мерки во конкретниот случај.
- АХВ со најголемо внимание ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење во Општина Гостивар. Од првиот момент кога беа добиени сознанија за можен ризик по јавното здравје врз основа на добиеното известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар за можна нарушена безбедност на водата за пиење во гостиварскиот вопдоснабдителен систем, инспекциските служби на АХВ спроведоа вонредна контрола во овгој водоснабдителен систем во село Вруток, Општина Гостивар. Согласно законските надлежности и воспоставените протоколи, контролата беше спроведена на 16 јули во доцните вечерени часови во соработка со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим техника - МВР Гостивар. Со надзорот беше утврдено дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение се поставени пумпи која директно вбризгувале вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем, напомена директорот.
Според него, стручни лица на Институтот за јавно здравје земале четири мостри од водата од резервоараот, каптажата, од површинска вода и од јавна чешма во џамија, за лабораториско тестирање, со цел утврдување на нејзината безбедност.
- За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ веднаш издаде време забрана за употреба на водата за пиење. Во текот на вчерашниот ден, активностите беа значително проширени, при што инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство земаа дополнителни мостри и тоа од целиот водоснабдителен систем, вклучително и од јавни установи, градинки, угостителски објекти и други кои ја користат водата од овој водоснабдителен систем за пиење и за подготовка на храна. Во рамки на законските овластувања, Агенцијата ќе ги преземе сите неопходни мерки против сите субјекти кај кои ќе се утврдат пропусти или непочитување на законските обврски. Апелираме до граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на надлежните здравствени институции и локалните власти во однос на користењето на водата за пиење, се до добивањето на конечните лабораториски резултати и целосното нормализирање на состојбата, потенцира Миланов и дополни дека АХВ зема официјални мостри од вода, а тестирање на примероците врши Институтот за јавно здравје, кој треба официјално да ги достави резулатите до АХВ.
МИА
Ново на Сител
-

Политички препукувања за скандалот со водата за пиење во Гостивар
-

Претседателката на Индија Мурму во посета на Македонија
-

Силно невреме го погоди Делчево
-

Тензии поради Законот за високо образование
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
