Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да се бориме за нашата земја и за репрезентација. Ќе ми фалат секогаш, никогаш нема да бидат заборавени и доколку ми се укаже шанса заедно со моите колеги, ќе го дадеме максимумот во чест на сите нив“, порача Манев во изјава за ФФМ.
Македонската репрезентација в сабота му гостува на Лихтенштајн во Вадуз по што идниот вторник во Скопје ќе го пречека Велс во двата воведни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
„Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност, сите заедно да постигнеме резултати, најпрво за сите оние кои го загубија животот“, изјави Манев.
Ново на Сител
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
