Македонија води на полувреме против Словенија

Македонската репрезентација води на полувреме против Словенија со 16:15 во третиот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026.Македонија иако имаше плус шест, сепак, Словенија храбро се бореше во завршниот дел од првото полувреме.
Избраниците на Лазаров одлично стартуваа и од самиот почеток покажаа голема мотивација. Со расположените Митев и Кузмановски, нашата репрезентација во воведните пет минути имаше предност од 4:1, а кон средината на првиот дел стигна до плус пет, 8:3.
Ослабената Словенија мака мачеше да го пронајде патот до мрежата на „црвено-жолтите“, додека Македонија играше како по ноти – сигурно и стабилно. Во обид да ја преполоват негативата, гостите правеа сè повеќе грешки, што ѝ овозможи на нашата репрезентација да зголеми на 10:4.
Тоа беше причина селекторот на Словенија, Урош Зорман, да повика тајм-аут. По предноста на Македонија од 11:5, ривалот постигна три гола во низа и во 20 минута намали на 11:8. Во тој период, црвен картон заработи репрезентативецот на Македонија, Валентин Карасманакис.
Македонија преку Кузмановски ја прекина серијата на Словенците, а на осум минути пред крајот Лазаров побара минута одмор. Словенија не се откажуваше, намали на минус два, 13:11, но нашата репрезентација не дозволи да се вратат целосно во игра и на пауза замина со предност од 16:15.
Ново на Сител
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
-

Oхрид доби културен информатор
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
