Лига Европа: Англиските екипи обезбедија пласман во четвртфиналето

Голема битка се водеше во последните реванш натпревари од осминафиналето на Лига Европа.
Ситуацијата беше неизвесна на сите терени освен во Лион, кој оствари убедлив триумф над ФЦСБ со резултат 3:0.
Во Англија владееше позитивна атмосфера, бидејќи Манчестер Јунајтед оствари важна победа над Реал Сосиедад (4:1) која го носи во следната фаза од натпреварувањето. Ним им се придружува Тотенхем кој со 3-1 го совлада АЗ Алкмар.
Фенербахче победи со 2:0 по 90 минути игра против Ренџерс и таму се играат продолженијата.
Лига Европа, осминафинале:
Атлетик Билбао - Рома 3:1 (1:0)
/Вилијамс 45+3, 82, Берчиќ 68 - Паредес 90+3/
Ајнтрахт Франкфурт - Ајакс 4:1 (2:0)
/Багоја 7, Геце 25, 82, Екитеке 67 - Тејлор 78/
Лацио - Викторија Плзен 1:1 (0:0)
/Ромањоли 77 - Шулц 52/
Олимпијакос - Боде Глимт 2:1 (0:1)
/Јаремчук 53, 65 - Хју 36/
Манчестер Јунајтед - Реал Сосиедад 4:1 (1:1)
/Фернандеш 16 пен. , 50 пен., 87, Дало 90+1 - Ојарзабал 10 пен./
Лион - ФЦСБ 4:0 (2:0)
/Микаутадзе 14, 47, Нуама 37, 88/
Глазгов Ренџерс - Фенербахче 0:2 (0:1)
/Шимански 45, 73/
Тотенхем - АЗ Алкмар 3:1 (1:0)
/Одоберт 26, 74, Медисон 48 - Купминерс 63/.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
