Леброн Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на НБА
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се запиша во историјата на НБА-лигата како најефикасен играч.
Триесет и осумгодишниот Американец постигна 36 поени на натпреварот со Оклахома одигран изутринава во Лос Анџелес. Леброн сега има 38.388 поени на своето конто. Тој го собори рекордот на Карим Абдул-Џабар од 38.387 поени во текот на неговата кариера.
Абдул-Џабар ги постигна своите последни поени во регуларниот дел од сезоната во НБА на 24 април 1989 година, кога Леброн имаше само 4,5 години.
Џејмс ги постигна своите први поени во НБА на 30 октомври 2003 година. Така, му требаа 19,5 години да го собори рекордот на Џабар.
Инаку, Лејкерс загубија од Оклахома со 133:130 и со биланс 25 победи и 30 порази се на 13. место во Западната конференција.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
