Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула

Кошаркарките на Крива Паланка триумфираа вечерва на домашен терен над Бадел 1862 со 88-76 и поведоа со 2-0 во финалната серија до три победи во разигрувањето за титулата во Првата „Шпаркасе Лајф“ лига.
Натпреварот број 2 од финалната плејоф серија во салата „Бранители 2001“ наликуваше на случувањата од првиот натпревар.
Веќе во првиот период домашната екипа се стекна со двоцифрено водство (28:17), кое успеа да го зголеми до полувремето (44:27).
Многу подобро беше изданието на гостинската екипа во второто полувреме. Во третиот период од играта, кошаркарките на Бадел 1862 имаа и предност, но успеаја да надополнат само четири поени од негативата која ја имаа на полувремето.
По три четвртини, Крива Паланка имаше водство од 13 поени (67:54) кое го зачува до крајот на натпреварот.
Робинсон со 26. поени беше најефикасна во редовите на Крива Паланка, додека Ниехуес го заврши натпреварот со уште еден дабл-дабл ефект, изразен со 19. поени и 18. скокови.
Во екипата на Бадел 1862, која ќе биде домаќин на третиот натпревар од плејоф серијата, Фримен беше најефикасна со 27.
МИА
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
