ЛЕ: Гол предност за Нотингем Форест и Брага

Во првите полуфинални пресметки во Лига Европа, фудбалерите на Нотингем Форест триумфираа синоќа над Астон Вила со 1-0 на домашен терен, додека Брага го победи Фрајбург со 2-1.
Брага до победата на домашен терен над Фрајбург дојде во судиското продолжение, откако португалскиот тим дојде до почетно водство во осмата минута со голот на Тикназ.
Фрајбург не чекаше долго за да одговори и само осум минути подоцна го израмни резултатот со голот на Гриф.
Брага во финишот на првото полувреме не реализираше пенал, но дојде до минимална предност пред реваншот со голот на Доргелес во втората минута од судиското продолжение на натпреварот.
Иако Нотингем Форест се бори за останување во Премиер лигата, додека Астон Вила е на другиот крај од табелата и го брка Лигата на шампионите, натпреварот меѓу двата тима во четврток беше тесен.
Во англиската пресметка во Нотингем, фудбалерите на Форест обезбедија минимална предност пред реваншот во Бирмингем со голот на Вуд од пенал во 71 минута.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
