КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, изврши увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица.
При извршените контроли, Комисијата констатираше повеќе неправилности и постапувања спротивни на одредбите од Законот, особено во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.
- Меѓу утврдените неправилности се:· непостоење на писмени договори за откуп; користење на договори кои не ги содржат задолжителните елементи предвидени со Законот; неусогласеност на договорните одредби со законските обврски, соопшти КЗК.
Комисијата ќе продолжи со активен надзор согласно своите законски надлежности, при што против субјектите кај кои се утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни санкции.
Воедно, Комисијата апелира до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел обезбедување фер, транспарентни и рамноправни деловни односи, како и заштита на земјоделците и останатите добавувачи од нефер трговски практики.
МИА
Ново на Сител
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
