Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
Половина милион евра скриени во специјален бункер во минибус на албанска туристичка агенција фатија цариниците на ГП Табановце. Ова, според директорот Бобан Николовски е историски најголема заплена на кеш пари.
Мобилниот тим на Царина забележала исправки на возилото. Повикано биле куче од К9 единицата кое дало знак дека постојат индиции за можно криумчарење, па возилото било испратено на скенер.
- По што инспекторите од Мобилниот тим пристапиле кон отстранување на профилот во кој биле пронајдени 14 проѕирни кеси во кои биле спакувани 500.000 евра кеш пари. Согласно Закон запленетите девизи уште веднаш се предадени во Агенцијата за привремено одземен имот, а потоа се депонирано во Народна Банка, вели директорот Бобан Николовски.
Според информации на Сител, парите не биле наменети за Македонија, туку државата била само транзит. Од Австрија преку македонска територија требало да завршат со крајна дестинација во Албанија.
Обидот за внес на половина милион евра засега не се третира како кривично дело и издаден е само царински прекршок. Меѓутоа, од Основно јавно обвинителство велат дека истражуваат дали можеби постои и кривично дело.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
