Македонија
20. May 2026 - 16:38

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор

Штипскиот основен суд донесе пресуда протв 38 годишниот охриѓанец, обвинет за измама на 8 повосрасни лица од Штип и Виница. Полицијата на 4-ти февруари го лиши од слобода, по претходна истрага СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција. Лажно се претставувал како лекар, полициски службеник или посредник и им кажувал на жртвите дека нивни блиски предизвикале тешка сообраќајна несреќа или се тешко повредени и итно им се потребни пари за операција или за да избегнат затворска казна. Во паника и страв, дел од оштетените предавале илјадници евра, денари и златен накит.

- За сторено кривично дело измама од член 247, став 4 од Казнениот законик изречена му е казна затвор од 5 години и 6 месеци, информираат од Основен суд – Штип  (ТЕЛОП- Основен суд Штип)

Во еден од случаите, штипјанец бил измамен за 3.500 евра, откако му било кажано дека неговата ќерка е тешко повредена и мора итно да се оперира. Во друг случај, 77-годишна жена предала 3.000 евра, 30.000 денари и златен накит на женско лице кое дошло пред нејзиниот дом. Дури подоцна, откако контактирале со своите блиски, жртвите сфатиле дека станува збор за измама. Штетата за сите 8 оштетени лица изнесува близу 3 и пол милиони денари или околу 56 000 евра. На измамникот му е продолжен притворот до правосилноста на пресудата.