Македонија
20. May 2026 - 16:37

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар

Денот на пожарникарите и 190 години постоење, скопската бригада ги слави со сериозен недостиг на кадар. Вработени се 213 лица, а според закон неопходни се 384. Дупките од кадар се крпат со нови вработувања во помали групи, па по последните 20-тина лица кои се примени на почетокот на годината, надлежните најавуваат уште толку до крајот. 

Вклучително со денешната донација, бројката на возила со кои се гаснат пожари е 44. Од Град Скопје се децидни дека во изминатиот период се вложувало во подобрување на условите и модернизација.  

По многу години, конечно на Советот на Град Скопје помина и одлуката за реконструкција на зградата на противпожарната бригада, со која ќе добијат и обновливи извори на енергија.  

Денот на пожарникарите беше одбележат со три вежби, во кои вработените спасуваа човечки животи во различки сценарија. Настанот го одбележа и едно необично изненадување - падна и запросување.

Во очи сезоната на пожари, формиран е и кризен противпожарен штаб на ЗЕЛС кој треба да одговори на сите предизвици летово но иподобра координација на локаните самоуправи при справување со огнените стихии.