Македонија
20. November 2022 - 16:43

Климатските промени штетни за Охридското езеро

Климатските промени негативно влијаат врз нивото на охридското езеро.Натпросечните температури за месец ноември и топлото време придонесуваат за поголемо испарување на водата а според еколозите дополнителен проблем од друга страна е и тоа што езерото сеуште се користи  како вештачка акумулација со примитивниот испуст во Струга и не се почитуваат минимално дозволените коти согласно законската регулатива.

Ваквите осцилации може да доведат до оштетување на крајбрежниот појас и куќите до езерото.

Добрите познавачи сметаат дека е потребно обезбедување на подобар и интегриран пристап при управувањето со водните ресурси, како од аспект на нивно зачувување така и од аспект на нивно управување и искористување.