Македонија
30. April 2026 - 15:10

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

По повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд од 1 до 3 мај автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.

На 1 мај (петок) и 3 мај (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот.

Во сабота на 2 мај билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време - во две смени од 08:00 – 18:00 часот, а тие што работат во една смена од 08:00 - 13:00.

 

МИА