Македонија
30. April 2026 - 16:32

Пратенички прашања во Собранието

Нова, добра информација за тоа дека сме први во регионот во евроагендата очекува премиерот Мицкоски да стигне деновиве од Брисел. На пратеничко прашање во Собранието од пратеникот Стојановски тој коментираше обвинувањата од опозциската СДСМ дека недоволно се реализирала реформската агенда.

„Од Брисел многу бргу ќе дојде информација дека од последни во регионот сега сме рамо до рамо со фронтранерот Црна Гора. Успешно се завршени 16 или 17 од 22 индикатори за извештајниот период кој заврши кон крајот на 2025 година. Таа информација ќе дојде деновиве и ги прердупредувам во СДСМ за прес-конференциите што ги прават и народски кажано да не се истрчуваат како прле пред магаре.

Премиерот не штедеше критики за тоа дека опозицијата користела лаги за клучни прашања во државата само за да направи алиби за следен изборен пораз.

-Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ. Јавноста е сведок на кампања и речник што не доликува на политичката сцена во Македонија. Можеби треба да се бара лекарско (уверение) за пристапување во органи на партиите.....И да не ве зачуди ако воопшто и не учествуваат на тие избори, како што сега ја напуштаат комисијата за Изборниот законик. Можеби ќе кажат дека ќе нема фер избори, иако техничката влада ќе важи за следните избори.

Од СДСМ пак, писмено му возвратија:

-Ние не сме загрижени за неговото здравје. Ние сме загрижени за здравјето на државата кое тој и неговата банда систематски го уништуваат. Мицкоски е човекот кој граѓаните ги нарекува „талог на општеството“, „медиокритети“ и „мочуриште“.  Ова е речник на уличар која од функцијата претседател на Влада се однесува како шеф на мафија, безобразно, примитивно.

Премиерот доби прашања од своите пратеници и за тоа како се справуваме со кризата поради застојот во снабдувањето со нафта во светот.

Но, токму пофални зборови на Мицкоски за економијата беа криткувани од пратеничката Трнечевска од СДСМ која го праша министерот за економија за мерките и стандардот на граѓаните по повод повисоките цени на основните производи.

Пратеничката Петровска од СДСМ пак, со критики за министерот за одбрана Мисјаловски.

Албанската опозиција редовно загрижена за законто з аупотреба на јазиците.

Покрај овие редовни пратенички прашања, опозицијата за помалку од две недели ќе добие нова прилика да поставува прашања до Извршната власта.