-->
-->
Ивановски загуби на стартот во Австрија
-->
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски по добрите игри во Романија беше непријатно изненаден на стартот на турнирот во Австрија каде во рамките на првото коло е поразен со 2-1 од Швајцарецот Николас Париција кој е на 888-то место во светот. Ивановски се појави на турнирот како трет носител во неделата во која бележи скок на АТП листата и беше непријатно изненаден во мечот кој го загуби со 2-0.
Се чини се беше решено во првиот сет кога противникот успеа да слави со 7-3 во тај-брејкот што му донесе психолошка предност во вториот сет кој го доби со 6-3 откако направи брејк на сервисот на Ивановски.
Турниот кој е со награден фонд од 25 илјади долари се игра во австрискиот град Телфс на земјена подлога.
Интересен турнир се игра во шведскиот град Баштад на кој првиот фаворит Германецот Александар Зверев однесе лесна победа против Словакот Молчан.
Австриецот Мишолич по голема борба во два сета решени во тај-брејкот беше подобар од српскиот тенисер Душан Лајовиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
