Македонија
2. November 2022 - 12:18

Хотелиерите кои поставија фотоволтаици очекуваат пониски сметки

Хотелиерите долж Охридското Езеро кои поставија фотоволтаични панели на своите објекти, а и оние кои допрва планираат да се грејат од обновливи извори на енергија стравуваат како ќе ја поминат зимата и дали сметките за електрична енергија драстично ќе се намалат. 

Од Агенцијата за подршка и промоција на туризмот посочуваат дека тоа што требаше да се направи пред неколку години сега се враќа како бумеранг, се доцни со поставувањето на соларните панели .

Директорот на АППТ Јаневски смета дека треба да се помогне во туристичката индустрија на тие кои работеле и прометно влеале поголем данок.

Инаку, неодамна, владата поради енергетската криза ги поедностави процедурите за поставување на фотоволтаици.

Дека расте интересот кај граѓаните и стопанствениците за обезбедување на струја од обновливи извори на енергија потврдуваат и приватните компании кои се занимаваат со поставување фотоволтаици. Но сепак екпертите велат дека како држава доцниме дваесеттина години зад некои европски земји.