Македонија
15. October 2022 - 16:36

Грејната сезона донесе нови главоболки за граѓаните низ државата

Со стартот на грејната сезона започнуваат и главоболките.Топлиот дом за поголемиот дел од граѓаните ќе биде луксуз тие стравуваат колкави ќе бидат сметките кои ќе треба да ги плаќаат од идниот месец.Но во  недостиг од огревно дрво, пред сѐ поради доцнења во испораката до корисниците, струјата е единствената сигурна опција за загревање на домовите, но истовремено и најскапа.

Поголемите хотелски капацитети најавија дека под притисок на инфлацијата ,  енергетската криза и високите трошоци ќе бидат  принудени да стават клуч на врата.

Општина Струга пак преку исклучување на јавното осветлување штеди струја на што реагираат граѓаните и поднесоа  Управен приговор во кој бараат да се  намалат и сметките на граѓаните кои плаќаат ваква комунална такса 

Со оглед на тоа дека струјата и натаму доминантно се користи за загревање во текот на зимскиот период,експертите на став дека треба  да се работи на развивање на свеста за инвестирање во алтернативни, решенија, кои се можеби поскапи, но носат поголеми заштеди.