Федерер донираше за Украина

Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер донираше 500.000 долари за помош на украинските деца кои не можат да го продолжат образовниот процес во училиштата поради војната во таа земја.
„Моето семејство и јас сме згрозени кога гледаме слики од она што се случува во Украина. Многу ни е жал за невините луѓе погодени од војната. Го поддржуваме мирот“, напиша Федерер во пораката на Твитер.
Нагласувајќи дека во моментов околу шест милиони украински деца не одат на училиште, Федерер истакна дека обезбедувањето пристап до образование во ваков критичен момент е од клучно значење и рече дека тој и неговото семејство сакаат да ги поддржат тие деца.
Искусниот тенисер и поранешен прв тениски рекет Федерер изјави дека преку фондацијата Роџер Федерер донирале 500.000 долари на невладината организација „War Child Holland“ за да можат украинските деца да го продолжат своето образование.
Ново на Сител
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
