ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија

Лидерите на 27 земји-членки на Европската Унија синоќа на Самитот во Брисел едногласно усвоија заклучоци за поддршка на Украина, што е првпат од март минатата година таков документ да биде поддржан од сите членки.
Од март 2025 година, тогашниот унгарски премиер Виктор Орбан го блокираше усвојувањето заеднички заклучоци, поради што останатите земји-членки беа принудени да усвојуваат одделни текстови со поддршка од 26 или 25 држави. Во некои случаи на Орбан му се приклучуваше и словачкиот премиер Роберт Фицо.
Со промената на власта во Унгарија и доаѓањето на Петер Маѓар на чело на владата, таквата практика е прекината.
„Денес сите 27 лидери стојат заедно, обединети и посветени на поддршката за Украина. Напредуваме во пристапните преговори, ја зајакнуваме украинската одбрана преку нашите финансиски механизми и го зголемуваме притисокот врз Русија со нови санкции. Нашата стратегија функционира“, напиша претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на социјалните мрежи.
Во усвоените заклучоци, Европскиот совет повторно ја потврдува „цврстата и непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“.
Лидерите оценуваат дека руската војна против Украина останува егзистенцијален предизвик за Унијата и нагласуваат дека европската одбранбена подготвеност мора значително да се зајакне до 2030 година.
ЕУ исто така ги продолжи санкциите против Русија за уште 12 месеци. Тоа е првпат секторските санкции да бидат обновени за период од една година, наместо досегашната практика тие да се продолжуваат на секои шест месеци.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
