Енди Мареј нема да настапи на Австралија Опен
Шкотскиот тенисер Енди Мареј, кој е позитивен на коронавирус, соопшти денеска дека нема да настапи на претстојниот Австралија Опен, откако не успеал да постигне договор со организаторите околу карантинот за време на кој би му било дозволено да тренира.
Петкратниот финалист на Австралија Опен требаше да оттатува за Мелбурн минатата недела, но тоа не му беше дозволено, откако тестирањето покажа дека е заразен со коронавирус.
Шкотскиот тенисер сега е во изолација, а во Австралија би можел да допатува дури по негативен тест на Ковид-19, по што би морал во задолжителен двонеделен карантин пред турнирот што започнува на 8 февруари.
-Бевме во постојан контакт со Австралискиот тениски сојуз со цел да изнајдеме решение што ќе ми овозможеше некој вид на работен карантин, но не успеавме. Им благодарам на сите за вложениот труд. Разочаран сум поради тоа што нема да играм на Австралија Опен. Тие се земјата и турнирот кои ги сакам“, изјави Мареј.
Ново на Сител
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
