Македонија
9. November 2022 - 12:23

Документарниот филм „Каде си Адаме“ го наполни Центарот за култура во Охрид

Документарниот филм Каде си Адаме го наполни Центарот за култура во Охрид.

Автор на филмот, укранскиот продуцент Александар Плиска, за време на неговиот десетгодишен престој во светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат  тагата , среќата, покајанието и  радоста… Плискапотенцира дека , филмот нема пораки до гледачите и остава слобода секој да се сретне лично со херојот.

На Охриѓани им недостасуваат филмови од духовен карактер Филмот Каде си Адаме? се прикажува за прв пат во земјава, а ќе се емитува само во неколку градови.

Главниот јунак во филмот е игуман на на манастирот, ведар и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.

Критичарите КАДЕ СИ АДАМЕ? го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.