Дисциплинска комисија на ФФМ: Одземени 9 бода на ФК Гостивар и десет натпревари забрана за настап на свој терен

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлука да го казни ФК Гостивар со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД.
ФК Гостивар се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација и присуство на неслужбени лица во оградениот дел од теренот (службени простории) на натпреварот од 29. коло.
ФК Гостивар АД пак се казнува со забрана на одигрување на 10 (десет) натпревари на свој терен како домаќин, односно 100 километри надвор од теренот кој го имаат пријавено како домашен терен.
Енес Уста – претседател на ГФК Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 (две) години поради повикување на фудбалерите на ГФК Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот ГФК Гостивар – ФК Работнички во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.
Блажо Панов – шеф на стручен штаб на ГФК Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 (две) години поради повикување на фудбалерите на ГФК Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот.
Сите играчи на натпреварот од ГФК Гостивар кои биле во официјалниот записник на натпреварот против ФК Работнички се казнуваат со парична казна од 500,00 евра за фудбалер поради напуштање на натпреварот против ФК Работнички.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
