-->
-->
Денвер на чекор од четвртфиналето во НБА-плејофот
-->

Екипата на Денвер нагетс ноќеска ја совлада Минесота во третиот натпревар од првото коло на НБА плејофот со 120:111. Ова беше трета победа во низа за Нагетс и сега ги дели само еден триумф од четвртфиналето.
Центарот на Денвер, Никола Јокиќ забележа трипл-дабл од 20 поени, 11 скока и 12 асистенции.
Четвртиот натпревар во серијата ќе се одигра на 24 април.
Освен Денвер, водство од 3:0 во серијата прв до четири победи, во осминафиналето има и Филаделфија против Бруклин. Со 2:1 во победи водат Њујорк против Кливленд, Бостон со Атланта, Феникс со ЛА клиперс и Сакраменто против Голден стејт. Нерешено 1:1 е на пресметките Милвоки – Мајами и Мемфис – ЛА Лејкерс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
