Дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер од Клиперси

Во неизвесен натпревар Лос Анџелес Клиперс го совлада Денвер со 115:114, иако првиот играч на гостите Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок со 22 поена и 17 скокови. На тој начин Јокиќ остана без роденденски подарок (31 година) од страна на својата екипа.
Во самата завршница ЛА Клиперс имаа три поени предност, а Мареј избори три слободни фрлања за Денвер и за изедначување. Тој ги реализираше првите две, а третото го промаши на девет десеттинки до крајот на дуелот и не успеа да го изедначи резултатот. Најефикасен на натпреварот беше Бенедикт Матурин со 38 поени.
Резултати на ноќеска одиграните дуели: Вашингтон – Индијана 112:105, Шарлот – Хјустон 101:105, Кливленд – Бруклин 112:84, Филаделфија – Атланта 107:117, Њујорк – Детроит 111:126, Чикаго – Торонто 101:110, Сан Антонио – Феникс 121:94, Голден Стејт – Бостон 110:121 и Сакраменто – Орландо 94:131.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
