ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, Новаци, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Кочани, Куманово, како и два во подрачјето на општина Центар, од кои едниот на булевар „Македонија“, а другиот на улицата „Тодор Александров“.
Претходно, МИА информираше дека пожарот во демиркаписко Прждево зафати три постари куќи, а спасена е една повозрасна жена.
МИА
Ново на Сител
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
