Белгија покрена судска истрага во врска со случајот со наводното „човечко сафари“ во БиХ

Белгиското обвинителство потврди дека започнало истрага за наводно учество на белгиски државјани во т.н. „човечки сафари“ за време на војната во Босна во 90-тите години од минатиот век.
Според италијанско новинарско истражување, во текот на опсадата на Сараево таканаречени „воени туристи“ од повеќе земји им плаќале на босанските Срби за да пукаат врз цивили.
Поранешниот италијански магистрат, Гуидо Салвини, кој учествувал во истражувањето, изјави дека меѓу нив имало државјани на Белгија, Франција, Германија и други земји.
Според италијанскиот дневен весник „Ил Џорнале“, таканаречените „воени туристи“ плаќале и до сто илјади евра дневно за да учествуваат во пукање врз цивили.
Опсадата на Сараево траеше 44 месеци, од април 1992 до декември 1995 година, и е најдолгата опсада во современата историја.
Во тој период во Босна и Херцеговина беа убиени околу 11.500 лица во самата опсада, додека вкупниот број жртви од конфликтот достигна близу сто илјади, од кои значителен дел цивили.
МИА
Ново на Сител
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
