Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.
Како што информираат од судот, по одржаната јавна седница на 11 март годинава, уважени се жалбите и на одбраната и на обвинителството, по што пресудата е укината поради суштествени повреди на кривичната постапка.
Според Апелација, во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, што претставува сериозен пропуст во постапката.
Предметот со сите списи е вратен на првостепениот суд на 30 март 2026 година, каде ќе треба повторно да се разгледа.
Претходно, Основниот кривичен суд ја осуди Димова на две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, како и обврска да надомести штета од 22,7 милиони денари на Националната агенција.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
-

„Калиманци“ полна, каналите стари, стартува наводнувањето во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
