Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање

Централизацијата е погубна за македонското здравство. Мора да направиме регионализација и рамномерен регионален здравствен развој. Тогаш и листите на чекање ќе исчезнат. Тоа е моделот од Словенија, не треба многу да размислуваме, треба само да го прифатиме. Пациентот мора да добива ист квалитет на услуга и во местото од каде потекнува, изјави денеска директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Синиша Стојановски.
Пред една, една и пол година наназад, посочи, не бев ни дел од менаџментот на оваа болница кога зборувавме за национална здравствена стратегија, ние не смееме да останеме на тоа се да се централизира во Скопје.
-И во оваа болница и во другите скопски болници и во Клиничкиот центар доаѓаат пациенти од целата република. Листите на чекање се креираат на тој начин. Во некои од болниците во внатрешноста нема листи на чекање. Пациентите се насочуваат тука. Пациентот мора да добива ист квалитет на услуга и во местот од каде потекнува. Дали тоа ќе го направиме со ротација на персонал, дали тоа ќе го направиме со екипирање и на центри кои се надвор од Скопје ќе мора да седнеме и да се договориме. Само тогаш листите на чекање ќе се преполова - рече д-р Стојановски.
Посочи дека не може да се очекува листата на чекање во ГОБ „8 Септември“ да се намали ако таму се пациентите од Струмица, Штип, Велес, цел Исток, цел Запад, исто е и во Клиничкиот центар, како и во Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“.
-Листите се креираат, затоа што бројот на здравствен персонал не може да направи чудо. Толку се 24 часа во денот, толку е можноста да се направат оперативни интервенции. Во здравството недостига персонал, не недостигаат услови. Условите кои ги гледате денеска само ќе бидат додадена вредност. Мораме кадровски да се екипираме, истакна д-р Стојановски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштање во употреба на реконструираниот дел од болницата ГОБ „8 Септември“.
Додаде дека треба да се направи регионализација на услугите со ротација на персоналот и екипирање на центрите надвор од Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас
-

МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
